на прадедо ми му шумат шумите на пеколот му свират трубите
понекогаш се замислувам како старец не за да ја доживеам иднината или да се навраќам на минатото туку за да уживам во небиднината тогаш ќе сум при својот крај и ќе го имам отслужено својот воен рок и ќе бидам ставен две метри под земја во цементен блок ако сѐ уште постои земјата ако сѐ уште постојат шумите ако не изгори светот и да мора да се криете во подрумите на прадедо ми му шумат шумите на пеколот му свират трубите
Фрла грла
пополека си ги кревам капаците очите цели ми се из’рѓосани гледам двајца со црни костуми кои што седат станати пред моите облечени нозе седат и пушат цигари едниот си нарачува кафе другиот си го копа носот двајцата се спуштија на моето ниво конечно, ме направија босоногот
Фотографија
во сонот направив фотографија неопишлива што се состои од монотонија и репетизам неопиплива се состои од балкони и џамови абе неисцрплива сакам да ја видам во реалност сакам да ја обелоденам во реалност ќе треба да влезам во нечиј стан што е голем ангажман ќе треба да искалкулирам кај треба да одам да се договорам здраво може да влезам во вашиот апартман? поточно ми треба вашиот балкон и тој ќе си речи дека кон крадење сум склон а јас само кон јадене сум склон и не сум слон и сакам да ја пуштам својата зурла кон таа сегментација на малтер и тула што може ќе ми донесе пари и моќ а може ќе се помножи со мене што значи дека нешто од нас е еднакво на нула
Капетате, капетане Какво е морето?
Капетане, капетане заради сите неправди што ги направивте против вас ќе одам во поход. Нема да ме игнорирате ќе ви бидам најголем проблем не само еден незгоден скокот. Капетане, капетане заради вас сите кисниме во оваа проклета авлија. Не знаев дека на копно може да се плови со една римска галија Рамо до рамо, долу сите весламе со дислоцирани коски и души. Капетане, капетане вие не знаете што правите Што нѐ терате да весламе кога има суши? Капетате, капетане какво е морето?
знам што зделки правите знам за изнудата
баш е интересна случката со влечугата баш е интересно што сеуште го слушам возот иако е одамна откачена пругата иако одамна те немам видено со сопругата зошто повеќе не се гледате да не се чувате од шугата? или го напуштивте рудникот кој што некогаш ви бил дом затоа што ја нема повеќе рудата? знам што зделки правите знам за изнудата
Ама ептен се вкусни оревите
Креативниот процес е многу сличен како берењето на ореви Ги наоѓаш идеите фрлени паднати под дрвото Го вадиш месото со прстите ти се оцрнуваат од соковите и доаѓаш до срцето на оревот и го маваш со чекан за да го извадиш на виделина После тоа со недели ти се црни прстите Ама ептен се вкусни оревите
Сметка 1 & 2
Сметка 1 Не е страшно додека ја немам видено сметката. Која сметка? Знаеш за која сметка зборувам. Сметка 2 Замисли ако на крајот од животот постои човек кој што ти отпечатува фискална сметка со сите гревови што ги направи за време на твоето седење и да нема ДДВ за скенирање. Е тоа ти се вика христијанска држава.
Сега имам шест години и време е да се пензионирам
Ми фалат деновите кога игравме макао Ми фалат деновите кога игравме нелутисечовече Ми фалат деновите кога седевме во влезовите на зградите и јадевме корки леб без ништо Кога продававме сливи за 20 денари Кога праевме куќи за уличните мачки Сега имам шест години и време е да се пензионирам
убав е животот
не секоја поезија е наменета за читање некои песни се само за мене и за тебе мали тајни наши тајни не секоја песна треба да има причина метафора туку се само симпатични зборови убаво наместени на проста линија не секој поет треба да е депресивен алкохоличар тој може да е среќен и исполнет со живот убав е животот
шродингерови скали
поминуваме балови во убави украсни сали а покрај нив мочуришта диагонали шродингерови скали
Инженер
Ги сакам системите што мора да бидат точни. Во Factum секој одговор мора да стои на закон или на судска одлука, а секој нов правен систем мора да положи тест направен од вистински пресуди пред да го пуштиме. Пред тоа распоредував LLM задачи низ пазар за GPU пресметки и градев пребарување за истражувачи на Алцхајмеровата болест.
Јазик
Македонскиот е мал јазик и повеќето модели едвај го зборуваат, па ги градам парчињата што недостигаат: алатка што го собира Дигиталниот речник, генератор на зборовни форми, лематизатор што препознава 767.000 форми и претворач за глаголицата, најстарото словенско писмо.
Поет
Објавувам поезија. Песните ми се кратки, со сув хумор и често политички, а насловот секогаш оди на крајот. Неколку станаа анимирани филмови со Архангела. Преку поезијата стигнав и до јазичните модели: во дипломската ги научив да ги разликуваат македонските поети.
mklem
Лематизатор за македонски. Ги бара зборовите меѓу 767.000 генерирани форми и ја погодува основната форма во 89% од случаите кај зборови од речникот што не ги видел.
mkmorph
Генератор на зборовни форми: му давате збор од речникот, а тој ви ги враќа сите негови облици. Без надворешни библиотеки.
mklex
Два труда за тоа како звучи македонскиот лексикон: неговата фонотактика и како позајмените зборови се приспособуваат кон него.
drmj
Собирач и пребарувач за Дигиталниот речник на македонскиот јазик: 55.000 одредници и корпусот врз кој се изградени другите јазични алатки овде.
bukvar
Претворач меѓу глаголица, кирилица и латиница. 26 од глаголските букви се според изданието на МАНУ од 2015, а петте што историјата не му ги дала на македонскиот се дизајнирани одново.
macedonian-rag
Пребарување низ македонски академски текстови, страница по страница, со векторски претстави пресметани локално.
dotikon
Претвора слика во мозаик од обоени точки во зададена палета. Тоа е моето студио, па бара лозинка.
mkmarx
Македонскиот дел од Marxists Internet Archive како една библиотека во која може да се пребарува, со помошник за читање што одговара од книгите на шест јазици.
jarvis
Мој асистент на Telegram и Discord. Ми го води календарот, задачите и што сум јадел.
avto-deals
Наоѓа добри понуди за половни автомобили во Македонија и за секој автомобил што го отфрла кажува зошто.
qr-alarm
Будилник што престанува само кога ќе ги обиколите QR кодовите низ станот, по ред.
misirkov
Стилизирана 3D фигура на Крсте Петков Мисирков (1874–1926), македонскиот филолог, со неговата книга „За македонцките работи“ од 1903. Моделирана во Blender со Claude, како портрет на водач од стратешка игра. Сѐ уште е во работа.
mkmoodboards
Мудборди на македонската материјална култура, направени од фотографии и мерења. Првиот е за везот.